Учениците од Вевчани на исуствено учење во НП Галичица

Во улога на „Млади истражувачи” учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани на искуствено учење во Национален парк Галичица.
Кога децата растат опкружени со природа, нејзините благодети ги ценат и прават се за нејзина заштита.
Денешната настава ја реализиравме со ученици кои ни доаѓаат од соседното заштитено подрачје, во потрага по Екотрофеј и будење на истражувачкиот дух поминавме речиси три часа дружба. На крај кога прашавме “Кој треба да се грижи за Националниот парк Галичица?”, добивме едногласно одговор “СИТЕ НИЕ, ЛУЃЕТО”.
Да ги чуваме и вреднуваме нашите заштитени подрачја, напиша  Ангела Тасеска Михајловска еколошки едукатор од НП Галичица.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани