Го менуваат градот за село, се пензионираат и си пасат овци

Седумдесет годишниот Ламбе Крстаноски,без мака се движи по планината пасејќи сто овци и вели дека во прекрасната прирорада не му недостига ниту градот ниту луѓето.

Тука сум во планината,еве си го пасам своето стадо на овци,уживам во прекрасната природа,и во еколошката средина и воопшто не ми недостига друштвото ниту,пак,ми е жал за градот.Вака ни рече седумдесетгодишниот Ламбе Крстаноски,од струшкото село Подгорци,кој деновиве го сретнавме како со леснотија се движи по угорници пасејќи ги овците,на што можат да му позавидат многу помлади.Пред десет години кога се пензионирав,одлучив градот да го заменам со селото и му се вратил на родното огниште кое своевремено го напуштил.Во селото Подгорци со сопругата Трајанка,а и децата ,поточно ќерките кои се удомиле,редовно ги посетуваат за да им донесат потребните работи од градот,а и да земаат домашни млечни производи.


Не ми се седеше повеќе во градот кој заминав (1990).Таму едноставно се задушував и немаше што да правам.Се вратив овде за да ја продолжам овчарската традиција која моето семејство со години ја негуваше.Јас од секогаш бев со овците,уште како дете.Затоа решив да се вратам на мојата љубов кон овчарството.Сите овци ги одгледувам и за нив се грижиме сами со сопругата,а помош имаме од ќерките кога доаѓаат.За пасењето на овците главно сум одговорен јас.Од млекото правиме сирење кое подоцна го продаваме.Проблем со пласманот на сирењето немаме.Можеби мал проблем ни претставува само сушата поради која овците немаат доволно трева да пасат,па не даваат многу млеко како во годините наназат.Но што е,тука е,против природата не се може –вели Крстаноски.
Го прашавме,нели им е тешко на овие години да бидат постојано со овците.Нели сакаат како многумина други по п-ензионирањето годините од третата доба да ги поминуваат во шетање,дружење,забава.
Не е мачно кога некоја работа се прави со љубов и со задоволство.Така и нам не ни е мачно да се занимаваме со овци со сточарство.Напорно е,има многу работа во овчарството.Сопругата сама мие садови,потстрижува,пере,чисти,готви и прави сирење,сирењето сака голема чистота,не е се едно што се вели.Арно ама поздрави се луѓето кои живеат по селата,во природа.Чиста животна средина го продолжува животот – објаснува чичко Ламбе,додека ги надгледуваше овците.Работев во Виена –Австрија,близу триесет години,веднаш по пензионирањето се вратив во мојот роден крај,без двоумење.
Вели дека не му е здодевно,дека се навикнал.Не ми недостигаат луѓето,не ми фали друштво.Ја ниту мобилниот телефон не го носам кога ги пасам овците.Од дома им се јавуваме на децата,за да се увериме дека е се во ред таму долу во градот.Не одам често во градот,месечно дали еднаш.Не ми се оди.Ама право да ви кажам и нема кој да остане овде со стадото – ни призна човекот.
Вели дека не консумира алкохол,што е ретко во животов.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани