Синоќа на полноќ , голем број верници од Охрид но и туристи од земјава и соседството веста за Христовото воскресение ја дочекаа во Светиклиментовиот храм на Плаошник.
Со велигденкиот поздрав Христос Воскресе, Витина воскресе и биењето на камбаните владиката Тимотеј ја обзнани радосната вест, која е темелот на христијанската вера.
Верниците се придржуваа на препораките за заштита од корона вирусот. Се носеа заштитни маски се држеше дистанца. Повеќетобеа во дворот на Плаошник. Имаше и редари од црквата кои на влезот се грижеа за почитување на препораките.
Верниците и годинава со иста желба, што поскоро да заврши пандемијата и да се врати животот во нормала.




