Голем интерес за панорамски прошетки по езерската шир

На стартот на туристичката сезона голем број пловила, бродови, кајчиња, катамарани, едрилици го брануваат Охридското Езеро. Голем е интересот за панорамски прошетки по езерската шир. Најбарани дестинации се Канео, претседателската резиденција Вила Билјана, Трпејца Заум и манастирскиот компекс Свети Наум, Калишта и Радожда

Најчести гости се странците, но има и домашни туристи, кои последниве години организираат прослави. Романтични запросувања, луксузни  свадби, крштевки, родендени и други забави.

Охридското езеро има посебна магија. Често пати вљубените токму на среде езеро стапнуваат на лудиот камен.

– „Има доста сега веќе се проширија државите од каде имаме гости.Оваа година има голем број туристи од Турција, традиционално од Холандија, сега од Германија во лето од Скандинавските земји од соседните земји од Бугарија, Грција, Србија и од други држави но овие се најбројните. Има изненадувања некои парови си земаат шампањ, вино и во некој договор со мене има и запросувања на бротчето, занете тоа е многу романтично без да знае девојката“, изјави Зоран Ангелоски капетан на брод за утринската програма на МРТВ.

За бродарите најголем проблем е недостигот на марина, но и недоволно пристаништа на туристичките места вдолж крајбрежјето.

„ Проблемите кои што ги имаме се многубројни, од пристаништа каде што туристите сакаат да застанат на туристички места до марината која што сите ни ја ветуваат а ништо не се прави. Се тоа се наши проблеми кои што на некој начин се бориме самите со себе и самите со природата. Затоа што заете дека ова езеро понекогаш знае да биде опасно да биде   диво, да има големи брнаови и на тој начин да ни направи големи проблеми“, додава Ангелоски.

Панорамските прошетки со бројните пловила се  едни од најатрактивните за туристите. Гостите особено странците, уживаат по воден пат да патуваат до културно историските споменици на брегот на езерото и  да ги овековечат прекрасните глетки.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани