Нуркачи и Комуналец го чистеа крајбрежието

ЈП Охридски комуналец реализира  голем број тековни и вонредни активности за одржување на јавната хигиена и зеленило во Охрид.
Се спроведе темелно миење и метење на плоштадот кај поранешниот Мини маркет.  Во организација на општина Охрид, во соработка со UNDP и нуркачи, се чистеше крајбрежниот појас околу хотел Метропол

-Активно се вклучивме во спортско рекреативната манифестација ,,Охрид трчаТ” со активности за одржување на хигиената пред, за време и по одржување на трките во периодот 31.05.2024 год – 02.06.2024 год. Јавната хигиена и зеленило се одржува на многу локации во градот и приградски населби: населба Бараки, Подмоље, Стар Град, ул. Кленоец, Абас Емин, Стив Наумов, Крали Марко, 8-ми Март, крајбрежен појас во централното градско подрачје, информираат од ЈП Охридски комуналец.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани