Интервју со Филип Цветковиќ, докторант од Србија

Интервју со Филип Цветковиќ, докторант од факултетот за применети науки во Ниш Србија, кој изминативе години организираше неколку изложби во земјава.

  1. Има ли место за младите во политичките кругови?

Би бил конкретен  во одговорот и во образложението што би го презентирал. Местото мора да постои. Младите се наследници на нашите земји, живееме во време кое е напредно, кое се развива со вртоглава брзина. Ние младите сме тие кои се вклопуваат во овие нови тенденции, ние сме тие кои треба да ги исправиме грешките на политичарите од минатиот век. Грешките скапо ќе не чинат. Ќе вклучам дел од мојата генерација, ние сме деца кои ги преживеавме воените настани, кои детството го поминаа во страв, ние сме генерација која порасна преку ноќ.

Сметам дека учеството на младите во политиката е важно затоа што знаеме што им треба на нашето општество, на нашата младина. Важно е гласот на младите да се слушне во народниот парламент, да им се даде шанса на младите и образованите луѓе да го пренесат своето стекнато знаење на некои водечки позиции. Не сакам да изгледа како претенциозно форсирање на нас младите, но мислам дека нашите идеи и перцепција на околностите се многу подобри од оние на повозрасните. Исто така, важно е да се напомене дека фигурата на зрела, искусна личност може да има значајна улога во советувањето.

 

  1. Кажете ни повеќе за себе и за вашата соработка со Република С. Македонија?

 

Ќе се обидам да бидам краток во мојот вовед. Јас се викам Филип Цветковиќ, докторант сум на програмата за бизнис економија, асистент, области на интерес ми се образованието, културата и дипломатијата. Воспоставена соработка со културни институции и невладини организации во Република С. Македонија е одлична, причината зошто е таква произлегува од добрите идеи, заедничките цели, добрите луѓе, интересот за создавање квалитетни содржини кои би можеле да се прикажат на јавноста. Кога се организира добар тим од луѓе кои сакаат несебично да учествуваат во работата, соработката е секогаш одлична. Моето претходно искуство се огледа во тоа што во последните години имав неколку самостојни изложби на територијата на Република С.  Македонија. Морам да признаам дека имав голема поддршка од организаторите и медиумите. Навистина се радувам на секој пат кога сум во Македонија.

 

 

  1. Какви се политичките односи, како и односите меѓу народите на Република Србија и Република С. Македонија?

 

Политичките односи се релевантна работа, зависи од многу фактори кои влијаат на тоа и мислам дека во последно време се на високо задоволително ниво. Секогаш има поединци на кои не им се допаѓа таквата ситуација и сакаат да ги уништат врските.

Народот не ги препознава овие политички турбуленции и така треба да остане. Србите и Македонците се еден народ, делат иста култура, религија, традиција, заедно сме поминале и поминуваме низ тешки моменти. Нашите народи се во нераскинлива врска.

 

  1. Како гледате на тоа што не се споменуваат одредени историски настани и личности, како во С. Македонија но и во Р. Србија.

 

Прашањето што го поставивте е значајно. Историјата е неизбришлива трага. Не е кажано од причина што на многу личности на политичката сцена им пречи вистината за Србите и Македонците и за единството меѓу народите, како што кажав во претходното прашање, тоа е нераскинлива врска. Многумина се обидуваат да ја обликуваат историјата како што им одговара, но на крајот вистината излегува на виделина. Мостот во центарот на Скопје се викаше мост Цар Душан, сега е Камен мост. Српскиот император Душан е крунисан во Скопје, што значи дека во тие краишта живееле и живеат Срби. Србија се прошири до Солун, што ја претставува сличноста на генетската структура.

Верувам дека коментарите за овој историски факт, како и за мојот одговор, ќе бидат бурни. Бидејќи нашите земји се либерални и ја почитуваат слободата на говорот, ги почитувам сите идни коментари.

 

  1. Ваше мислење за поврзаноста на културата на Република С. на Македонија и на Република Србија.

 

Културните разлики речиси и да не постојат. Споделуваме многу исти настани што се случиле низ историјата. Современата уметност е нешто поинаква, има посебен печат и посебна уметничка нишка на поединецот што ја создава таа уметност. Со поинтензивна соработка можеме само да постигнеме подобри резултати во областа на културата. Поврзувањето секако може да биде на повисоко ниво и да се реализира преку заеднички проекти, сега условите се далеку полесни поради претходно потпишаниот договор за „Отворен Балкан“. Важно е да се нагласи дека културата е идентитетот на државата и дека од неа не треба да се одрекува.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани