Голема детска трка во Охрид

Околу 500 првооделенци од сите охридски основни училишта беа дел од големата Детската трка која се одржа денеска на стадионот „Билјанини извори“ во организација на „Охрид ТрчаТ“.

 

Спортската манифестација чија цел е да ги промовира спортските навики кај најмладите и да ја подигне свеста за поголема физичка активност, беше поддржана од Делегацијата на ЕУ во нашата држава и од Општина Охрид. Официјалниот слоган на трката беше „Run and be GREEN“.

Трката за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

– Овој прекрасен ден за мене носи тројна радост, најпрво како родител кој е тука да го бодри своето дете, како спортист кој ужива во ваква неповторлива спортска атмосфера и како градоначалник кој е неизмерно горд што неговиот град од година во година прераснува во спортски центар, што организира вакви спортски манифестации.

Спортот дава мотивација и храброст и не збогатува со доблести кои се важни за развојот на една личност. Ова е еден од ретките настани кои имаат за цел да го промовираат спортот и здравите навики кај децата уште од најрана возраст, па затоа заслужува вистинско внимание и поддршка.

Благодарам на посветениот тим на „Охрид ТрчаТ“, кои со многу љубов и внимание ги планираале и ги организирале сите детали, за градскиот стадион да изгледа вака како што изгледа денеска.

Упатувам благодарност до Делегацијата на Европската Унија за поддршката на овој настан и до сите верни покровители. Оваа можност ја користам да го честитам Денот на Европа со единствена порака дека преку градење на здрави животни навики може да имаме здрава и напредна младина, која ќе може да го продолжи нашиот пат кон посветла иднина, во мир и толеранција.

Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите вакви проекти кои го јакнат спортскиот дух кај најмладите. Преку слоганот на овој настан испраќаме и важна порака за зачувување на животната средина, што е од особено значење за нашиот регион кој изобилува со уникатна природа која сите заедно мораме да ја заштитиме.

Но денеска тука најважни сте вие драги дечиња! Денеска сите вие сте наши победници! Вашиот весел џагор е нашата сила! Ви посакувам секогаш да бидете вака радосни и насмеани! Трчајте, спортувајте, дружете се! Детството нека ви биде исполнето со среќни и незаборавни мигови, кои ќе бидат ваш мотив за многу успеси и ќе ве водат кон нови животни предизвици. Секогаш ќе ја имате мојата добра мисла и поддршка, рече градоначалникот во своето обраќање.

Детската трка немаше напреварувачки караткер, а сите учесници добија приананија за своето учество. Трката е дел од организацијата на овогодинешното издание на атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“ што од 3-ти до 5-ти јуни ќе се одржи во Охрид.

Detska_trka_GREEN_20220509007

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани