Голема еколошка акција за чистење на дното на Охридското езеро

Во сабота на 30 април 2022 година со почеток во 10 часот ќе се организира голема еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

 

Акцијата ја организира нуркачкиот центар „Амфора“ како дел од финалните активности на проектот „Охрид ЕКО2022“. Според најавите, во чистењето на езерото се очекува да се вклучат околу 80 нуркачи од нашата држава, од Србија и од Хрватска.

Настанот е поддржан од Општина Охрид.

Social profiles