Според дуќанџиите, крадецот влегол од соседниот бутик.
Филмска кражба се случила ноќеска во дуќан за часовници во Охрид. Од трговски дуќан за часовници кај стариот Чинар во Охрид, ноќеска крадец одзел пари, пиштол и многу часовници. Дуќанџиите велат дека крадецот најпрво влегол во бутик кој бил „залепен“ со дуќанот за часовници и оттука направил отвор во sидот. Додаваат дека неверојатно е како никој ништо не видел и не пријавил во полиција.
Од охридската полиција, со соопштение информираат дека „ на 29.11.2019 во СВР Охрид пријавена е кражба во трговски дуќан за часовници лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.
Според портпаролот Стефан Димоски, „од таму се одземени еден пиштол кој сопственикот го имал со дозвола, пари ирачни часовници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
