Помешани емоции. Радост, тага , солзи на вчерашниот хуманитарен натпревар во организација на ФК Лабуништа, за лекување на голманот Мартин Стојаноски.
.jpg)
На преполниот стадион во Струга, наместо Мартин да застане пред голот, тој во инвалидска количка вчера ја фрли топката и го означи натреварот отворен.
.jpg)
–„Вчера покажавме дека сме хуман народ и дека кога се сака се се мозж полните трибини ни ја стоплија душата и така сите заедно сплотени на насето срце Мартин му дадовме уште поголем мотив за да од Русија се врати како победник. Како спорски директор на ФК:Лабуништа сакам да дадам потик на сите спорски екипи во државава да се приклучат со вакви хуманитарни натпревари зашто како нашиот Мартин има уште многу кои чекаат на наша помош.Ова е втор пат кај што организираме хуманитарен натпревар прв пат беше за Сара и Амина. Вчера за нашиот Мартин и нема тука да застанеме, изјави Ивана Лескароска.
Воедно напомена дека кутии за донации се поставени во кафе бар План Б пицерија Стаџионе, ресторан Чун ….денес ќе бидат поставени и во други локали за кои ке бидат информирани сите хумани луѓе.
.jpg)
Прекрасното момче и покрај големата несреќа, што му ја скроила судбината , возбудено и радосно се насмевнуваше , заради поддршката која му ја даваат стружани и охриѓани.
.jpg)
На 23 годишниот Мартин Стојаноски од Дрслајца му се потребни 150 000 евра за лекување во Русија, бидејќи после тешката сообраќајна несреќа поради повреди на р`бетниот столб тој е врзан за инвалидска количка.
.jpg)
Мартин и неговите најблиски семејството и колегите од клубот силно веруваат дека ќе успеаат да извојуваат победа во оваа тешка битка.
.jpg)
Да му дадеме шанса на ова прекрасно момче да донираме !!!

