Големиот драматург ќе биде кремиран а пепелта расфрлана по Охридското езеро

Стефановски ќе биде кремиран и пепелта ќе биде расфрлана во Охридското Езеро.

Пепелта на починатиот драматург Горан Стефановски, кој вчера почина во Велика Британија ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро, по негова желба, соопшти неговото семејство.Телото на Стефановски ќе биде кремирано на 5 декември во Бархам крематориумот во Кентербери, Англија во 9.20 часот, а пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во Македонија, во водите на Охридското езеро, соопшти неговото семејство.Стефановски почина вчера на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше изминативе две децении.
Драматургот Стефановски, кој е член на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани