Големиот охридски атлетски маратон со славно минато и неизвесна иднина

Охридскиот атлетски маратон е еден од најстарите и најтешки маратони кај нас и пошироко.

Охридскиот атлетски маратон, традиционално се одржува по повод независноста на Македонија на 8 септември иотпочнува утре во 9 часот на патеката од Св. Наум до Охрид во должина од 30 километри. На годинешниов, 33-ти Охридскиот Атлетскиот маратон ќе учествуваат вкупно 150 натпреварувачи од десеттина земјиа
за прв пат, од годинава, ќе се реализира и штафетна трка во 3 делници од по 10 километри. Првата делница завршува во селото Трпејца, втората кај населбата Лагадин и третата делница завршува на целта кај Националната установа Дом на култура „Григор Прличев“ во Охрид. Подигнувањето на стартните пакети за сите пријавени се врши денеска во Спортската сала „Билјанини Извори“ од 12:00 до 20:00 часот. Организаторот на маратонот- Здружението „Охридски атлетски маратон 2012“ се соочи со исклучително тешки состојби но вложи огромни напори и годинава да се одржи најстарата атлетска манифестација кај нас.Директорот на трката Пецо Неданов најави дека годинешното 33-то издание можеби ќе биде и последно доколку не добијат финансиска и друга материјална помош и поддршка.
– „Јас како претседател на здружението најавувам дека овој маратон ќе биде последен организиран од наша страна. Можеби, организацијата ќе ја преземе Атлетскиот клуб Охрид. Ние немаме веќе сила и ставаме точка. Не се потребни големи финансии, а ние сите ресурси од спонзори ги исцрпивме а не добиваме помош од градот и властите“ изјави Неданов.
На годинешното големо атлетско маратонско трчање од Св.Наум до Охрид, меѓу 150-те маратонци, ќе учествува и Дејан Ангелоски од Охрид, кој по трет пат ќе учествува на маратонот. Ангелоски смета дека „целокупната конкуренција е голема а исто така и помеѓу македонските атлетичари. Квалитетот на атлетичарите ќе биде мотив и за мене и ветувам дека ќе дадам се од себе на маратонот“.


Инаку, големо и славно е минатото на Охридскиот атлетски маратон. Тој е атлетски настан  со меѓународен карактер и  еден од најстарите атлетски манифестации на нашите и пошироките простори. Маратонот, во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Оваа спортска манифестација започна од општински и прерасна во сојузен и меѓународен Атлетски маратон со постојан пораст на бројот на учесници кој се зголемуваше од 4 во 1976 година до рекордни 150 учесници во 2017 година. Иницијативата за организирање на Охридскиот атлетски маратон, во 1976 година дојде од Живко Стојчевски, кој со помош од тогашната спортска асоцијација „Софка“ ја организирал атлетската трка со само 4 учесници од Охрид. Стојчески бил дел од маратонците и бил победник а до денес е најтрофејниот учесник на овој маратон. Охридскиот атлетски маратон, непречено се одржуваше до 1993 година и беше организиран на 7-ми Ноември како спортски настан по повод ослободувањето на Охрид. После 10 годишна пауза, а по иницијатива на покојниот проф. Влатко Димитров и другите членови од сегашниот организационен одбор, во 2004-та година обновен е Охридскиот атлетски маратон со што се продолжи традицијата на оваа голема атлетска трка. Повеќе податоци за историјата на овој маратон може да проследите на www.iamo.mk каде може да ја видите листата на победници по години како и галерија на слики од минатите настани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани