Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово извршија дезинфекција на јавните површини во градот.
После продолжениот викенд во кој Охрид беше преполн со гости од земјава, рано утрово се врши дезинфекција на градските улици и јавните површини.
-Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и чаршијата. Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период, информира градоначалникот Константин Георгиески.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
