Градежен работник тешко повреден кај Лагадин

Работникот паднал од висина, има тешки повреди.

Синоќа околу 16 часот и 50 минути, во полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид.
-Тој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин-Охрид. Поради сериозноста на повредите, П.М бил пренесен во Клинички центар -Скопје, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Димоски кажа дека полициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани