Градежни работи на патот Струга Ќафасан

На магистралниот пат А2, патен правец Струга – граничен премин Ќафасан (поточно од бензиската пумпа на Окта до село Франгово), ЈП „Македонијапат“ во наредните 4 дена ќе изведува работи на пат (асфалтирање).

На местото ќе биде поставена соодветна сигнализација, информира АМСМ.

 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Social profiles