Градоначалникот Георгиеки на он-лајн час по општество.
-На мое големо задоволство денес бев гостин на он-лајн час по предметот Општество, со учениците од второ одделение од ОУ „Кочо Рацин” и наставничката Виолета Петкоска.
Учевме за општината и за работата на градоначалникот, а одговоривме и неколку интересни детски прашања.
Учењето од дома е корисно и забавно. Учениците и дел од наставниците од Охрид се вистински пример за посветеност во ефикасното спроведување на наставата по електронски пат, рече Георгиески.