Вистинска драма на спортските терени во Волино. Градоначалникот на општина Дебарца Зоран Ногачески во афект го нападнал спортскиот судија на теренот.
После бројните недолични пцовки Ногачески потполно изгубил контрола и почнал да го мава судијата, раскажуваат очевидци за Охриднет.
-„ Вистински срам. Градоначалник се однесуваше како насилник. Незадоволен од судењето влета на теренот и почна нервозно да вика пцуе, потоа почна да го тепа судијата“;велат очевидци на вчерашниот натпревар Волино – Охрид.
Драмата во режија на Ногачески, продолжила и во соблекувалните. Откако полицијата успеала да го тргни судијата и го однела во соблекувалните, таму нервозниот спортски советник за безбедност го нападнал судијата. Исто како Ногачески, и тој бил агресивен почнал да го навредува а потоа и да го тепа истиот фудбалски судија.
Целиот случај е уредно пријавен во полиција, но клучното прашање е дали ќе има кривична пријава?
