Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески го честита Денот на здравјето.
-„Во овие мигови кога Вие, здравствените работници сте нашите најголеми херои, нашата надеж и сила во борбата со еден од најголемите здравствени предизвици во историјата, Ви посакувам пред се добро здравје, ведрина и истрајност!
Останете горди на она што сте!
Сметајте на мојата целосна поддршка и како доктор и како градоначалник. Заедно сме посилни, заедно ќе победиме!
Нека е честит 7-ми април, Светскиот ден на здравјето!
Почитувани граѓани, грижејќи се за своето здравје, го чувате здравјето на Вашите најблиски и помагате во чувањето на Јавното здравје!
Денешниот ден кој е посветен на здравјето нека биде наш поттик да останеме совесни и принципиелни! Да ги почитуваме препораките за превенција и борба со Ковид-19“, напиа на својот фејсбук профил Георгиески.
