Градоначалникот на Охрид го честита Денот на Сесловенските проветители.
-„Светите браќа Кирил и Методиј борејќи се за признавање на словенското писмо и јазик, го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик. Нивното историски и културолошки значајно дело претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености. Со своето творештво даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување. Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес преку писменоста обединува многу народи. Нека е вечно името на светите браќа, а делото нивно да го зачуваме од заборав. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители и да го славиме уште многу години“ стои во честитката на Георгиески.
