Групна тепачка пред ноќен клуб во Охрид. Синоќа пред ноќен клуб на улицата „Партизанска“ во центарот на Охрид нарушен бил јавниот ред и мир од страна на пет лица.
Во 02 часот после полноќ младите на возраст од 19, 20 и 25 години меѓу кои и едно малолетно лице расчистувале сметки со боксови и тупаници.
–Лицата се приведени а против нив ќе следува соодветна пријава, информираат од полицијата.
