Холандски државјанин паднал кај зелениот пазар во Струга откако му се слошило, движејќи се пешки.
Според полициското соопштение, на 24.08.2017 година околу 14,00 часот во близина на зелениот пазар во Струга, на В.Л.Ј.(53) од Кралство Холандија, додека се движел пеш, му се слошило и паднал во полусвесна состојба, при што се самоповредил во пределот на главата.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, информира дека холандскиот државјанин, со возило на Итна медицинска помош бил однесен во Јавна здравствена установа-Општа болница во Струга, каде му била укажана медицинска помош, по што бил испратен во Медицински центар Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување.