Хотам бара двојно зголемување на бројот на ваучерите за туризам

 Хотам бара двојно  зголемување на бројот на ваучерите за туризам. Лани државата издаде  ваучери во  вредност од еден милион евра, годинава само  250 000 евра, односно  1250 ваучери.

 

Оваа сезона  вредноста на еден ваучер  изнесува двојно повеќе 200 евра , но процедурата за добивање е потешка и нивниот број е многу помал. Според хотелската асоцијација ова не е  доволна помош за хотелиерите.

 „Минатата година се искористија околу 65%, шт значи 650 000 евра кои беа поделение во сите хотели, кои примаа   такви гости да беа од помошн но годинава со значително намалена бројка нема да има ефект односно нема да добиеме индирекна помош“, вели  Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

И оваа сезона на брегот на Охридското езеро најбројни се домашните гости, но поради олеснувањето на рестрикциите и нивниот број е помал, голем дел од граѓаните заминуваат на летување во странство. Токму затоа мора да се зголеми поддршката од државата, велат од Хотам.

-„Никогаш нема да бидат 100% искористени значи секогаш има процент,кој нема да го искористат ваучерот или поради приватни причини или ќе откажат значи околу 1000 ваучери ќе се искористат и кога ќе се поделат во сите хотели тоа е многу мала бројка“,  додава Блажески.

Минатата година се искористија 60 % од ваучерите за туризам, односно хотелиерите добија околу 600 илјади евра индирекна поддршка во пандемијата.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани