Хотам изработи платформа за посредување при вработувања во туризмот

Хотам изработи платформа за посредување при вработувања во туризмот.

 

Оваа пилот мерка поддржана од Меѓународната организација на трудот (МОТ) има за цел да се намалат вработувањата на црно и непријавената работа. Воедно да им овозможи на компаниите од хотелско туристичкиот сектор да ангажираат дополнителна работна сила во сезонските пикови, тогаш кога имаат потреба.
Потенцијаните работници, редовно вработени во други сектори, или невработени , добиваат можност легално да заработат повеќе. Ќе можат да работат дополнителни 40 работни часа месечно.
Работодавачите ќе исплаќаат дневници за келнери, шанкери, собарици, готвачи, а придонесите ќе ги плаќа ЕУ.

„ Во проектот за почеток дневниците се направени да бидат 1 500 ден, што е многу битно ќе биде пријавена работата нема да биде на црно придонесите за истата ќе бидат платени односно ќе се плаќаат давачки за пензиско кон работниците. 1 500 ден за келнери, шанкери, за готвачи од прва класа дневницата би била околу 3000 ден. Со оглед на тоа дека ќе бидат ангажирани само во одредени денови и има одредено ограничувања колку би можеле таква работа да извршуваат“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

„Целта на оваа пилот мерка е да се генерираат докази дека доколку на работодавачите им се оелснат административните работи во врска со пријавувањето на краткорочните вработувања и доколку им се намалат трошоците за придонеси дека ќе бидат спремни да ги пријават своите вработени односно тие што ги ангажираат по потреба на ден два три до девет работни денови во месецот кај еден работодавач, Славица Гашоска од ХОТАМ.


Платформата е во функција сите компании од хотелско угостителскиот и туристичкиот сектор, може да се пријават. Во базата може да се регистрираат и сите заинтересирани работници, кои ќе добијат и обуки за работа.

„Целта на овој проект е да се мотивираат и работодавачите да пријавуваат такви вработени, да ги исплаќаат на време и сите придонеси. Почнуваме со реализација на проектот од март месец каде се опфатени март и април ке работиме на обуки за работниците кои ке сакаат да се ангажираат во туризмот. Ќе бдат опфатени сите потребни работни места“, вели Зоран Михајлоски хотелиер.

Ангажманот на работниците и реализацијата на оваа пилот мерка стартува од 01 мај до 31 ви август и важи за компаниите од охридско – струшкиот регион.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани