Хотел „Изгрев“ и „Фибула“ повторно во најдобрите

Хотел „Изгрев Спа“ и  Т А „Фибула“ повторно се меѓу добитниците на признанијата на Министерството за економија за најуспешните туристички агенции, хотелиери, туристички манифестации и ресторани во изминатава година.

Признанијата беа доделени денеска во Клубот на пратеници по повод Светскиот ден на туризмот. Хтел Изгрев Спа за најдоар хотел во Македонија, а туристичката агенција Фибула за најдобра агенција за 2017 година. 

Заменик-министерот Кире Наумов истакна дека туризмот во земјава се движи во позитивна насока, а тоа го покажуваат и бројките – зголемување од 18,3 отсто во поглед на бројот на туристи и зголемување од 10,9 отсто во поглед на бројот на ноќевања.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев подвлече дека треба да го развиваме руралниот и алтернативен туризам, со оглед на природните убавини што ги поседува Македонија.

Заеднички став на Наумов и на Донев е дека за да имаме подобар туризам, а следствено на тоа и подобра економија, туристичките работници треба да заборават дека се конкуренти и да им помогнат на државните институции во градењето подобра стратегија за развој на туризмот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани