Триесет охриѓани се стекнаа со дипломи

Во рамките на проектот за активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, денес  на 30 невработени лица им беа  доделени  сертификатите за завршени стручни обуки за сметководство, електро- струка и пекарство.

Проектот се имплементира преку Секторот за туризам и локален економски развој, во соработка со ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ .

 – 13 ги завршија обуките за сметководство, 10 за познавање на основите на електро струката и 7 за пекарство. 

Стручните обуки за невработени лица ги финансираше Локалната самоуправа во рамките на проектот за активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, што се имплементираа преку Секторот за туризам и локален економски развој, во соработка со Општинската јавна установа- Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“. Обуките за невработени лица, се наша стратешка цел, преку која во соработка со соодветни институции и работодавачи, ја стимулираме социјалната интеграција на невработените и ги подобруваме перформансите за нивно вработување. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани