Хотел „Тино Свети Стефан“ незаборавно семејно доживување

За прв пат во Охрид ново уникатно доживување, базен со морска сол во хотелот „Тино Свети Стефан“.

Покрај  благодетите на синото езеро, кое плени со мир и хармонија,  со солениот базен ќе се почувствувате како на море. 

Хотелот „Тино Свети Стефан“ е идеален за семеен одмор. Рекреација за возрасни,  но и забава за најмладите.

 

Располага со стандардни соби  и семејни  апартматни. Гостите имаат на располагање внатрешен базен, надворешен базен (сега со морска сол), спа центар со џакузи, сауна, парна бања, пинг понг, билјард, детско игралиште, проекција на филмови. Има и  конференциски сали погодни за одржување настани.

-„Секако протоколите строго ги почитуваме како во хотелскиот, така и во ресторанскиот и во базенскиот дел. Нашата главна цел е задоволни и насмеани гости кои ќе заминат со незаборавни спомени и повторно ќе ни се вратат“, вели Борис Маркулески сопственик на хотелот. 

Хотелот се наоѓа на 4 км од центарот на Охрид , во населбата Свети Стефан. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани