Хотелиерите ќе даваат попуст за летување на здравствените работници.
По предлог на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот , ХОТАМ одлучи да даде 20% дисконт цена за сите вработени во медицинскиот сектор, како награда и благодарност за нивниот труд и придонес во справувањето со пандемијата.
Попуст ќе има и на угостителските услуги во склоп на хотелите.
-„Медицинските работници беа најногу ангажирани минатата година, изработија перфектно може да се каже. Ние , како луге некој знае да се пожали, но за нив би дале оценка 10 ка за нивниот труд и поради тие причини ги даваме тие попусти. За нив колку може да се помогне и од наша страна багодарни сме“ вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Туристичко угостителскиот сектор ова лето привилегии нуди и за гостите од соседна Србија. Како благодарсност за дадените вакцини , српските туристи имаат попуст за летување, а се очекува да добијат и бесплатни паркинг услуги и влезници во музеите.
– „Попустот е од 10 до 20% повеќе од времето ќе биде 20% со исклучок на некои викенди како Илинден, јкога некои од хотелите нема да може да дадат 20 % ќе дадат само 10%“ , вели Блажески.
Агенцијата за туризам ги повика и рестораните да се вклучат со попуст за услугите на здравствените работници,,предлогот е на маса , но засега нема одзив од угостителскиот сектор.
Новинар Соња Рилковска
