Хуман гест од „Андрос“ до охридските болници

Охридските болници, од „Андрос“ добија средства за дезинфекција.

Четири здравствени институции во Охрид, добија вкупно 1200 литри средства за целосна дезинфекција, што е дел од производството на оваа реномирана охридска компанија. Дезинфекционите средста ги добија Општата болница, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, Кардиолошки центар „Св.Стефан“ и Здравствениот Дом. Се работи за антибактериски средства за чистење, дезинфекција и одржување на хигиената на подови и други болнички и карантински површини како и за темелна дезинфекција на раце на медицинскиот персонал. Покрај ова, компанијата „Андрос“ донира и антибактерски гелови кои, во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“, ќе бидат поставени низ охридската чаршија и на уште неколку други јавни места низ градот, кои ќе бидат наменети за граѓаните и нивна почеста дезинфекција на рацете.
Донацијата на „Андрос“, доаѓа во исклучително важни моменти кога, една од најважните препораки е интензивна дезинфекција и миење на рацете како начин за заштита од корона вирусот. На овој начин, „Андрос“ најпрактично ја покажа својата хуманост и определбата дека е општествено одговорна и хумана компанија која, знае како да помогне кога е најтешко и со најпотребното за болниците и секако за граѓаните.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани