Концертот ќе биде во четврток во Liquid Cafe.
Се интензивираат хуманитарните активности на охриѓани за собирање средства и помош за 33 годишната Јана Арсовска. Во четврток 3-ти октомври, во 22:00 часот, во Liquid Cafe ќе се одржи хуманитарен концерт „Надеж за Јана“. Ќе настапат Камелеон, Ѓоко Танески, The Backdoor Band и Sparkles. Влезницата е донација и ќе изнесува 100 денари. 33 годишната Јана боледува од редок канцер и псоле две операции потребна и е итна имунотерапија , која Фондот не ја покрива. Хумани граѓани од Охрид и цела Макеоднија донираат и помагаат за Јана.
Таа, петта година води борба со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.


