Деноноќно се изведуваат градежнте работи на „15ти Корпус“ во Охрид.
–Интензивна градежна динамика на улицата „15-ти Корпус“ на потегот пред влезот во селото Лескоец. Поради големата фреквенција на сообраќај, стручните екипи работат и во текот на вечерните часови.
Се врши машинско гребење на стариот асфалтен слој и тампонирање, како дел од подготвителните активности пред асфалтирањето на коловозот, кое ќе се одвива во наредниот период.
Претходно се вршеше асфалтирање и уредување на тротоарите, се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.
Работните активности на овoј капитален инфраструктурен проект се очекува да бидат финализирани во втората половина од месец мај, информира градоначалникот Константин Георгиески.



