Исто како и Велигденскиот и овој празничен викенд на охридско-струшкото крајбрежје се бележи половична исполнетост на хотелските капацитети и приватното сместување.
За Првомајските празници доаѓаат првите организирани групи од Полска. Руско Украинската криза не ги поколеба да летуваат на брегот на Охридското езеро.
Оваа сезона се очекуваат 25 000 туристи од Полска да ги посетат Охрид и Струга, тоа го потврдиле полските тур оператори, велат од АППТ.
„ Се надевам дека 2022 година ќе имаме ист или поголем број на полски туристи. Всушност 2021 година имавме 19 000 полски туристи, се надевам дека оваа година ќе стигнеме до бројката од 25 000“, вели Љупчо Јанески директор на АППТ.
На поусшешна туристичка сезона се надеваат и локалните туристички работници.
„Оваа сеозна ќе биде успешна, далеку сме од очекувањата дека ќе ги оствариме бројките од 2019 година, но сепак очекуваме дека оваа година 2022 ќе биде поуспешна и туристичкиот сектор ќе земе замав и ќе закрепне од последиците“, вели Јаким Маленко тур оператор.
Оптимизмот, пост пандемијата го поткрепуваат најавените нови авио линии Марибор Скопје и Охрид Белград.
Новинар Соња Рилковска
