И Струга го одбележа 11 ти Октомври

И Струга го одбележа 11ти Октомври.

Со полагање свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата и на бистите на паднатите борци од Струга и струшко кој се поставени на кејот на реката Црни Дрим,делегациите предводени од претседателот на Општинската организација на Сојузот на Борци од Струга и струшко,Ајрадин Мемети и секретарот Никола Попоски,го започнаа седудесет и шестото одбележување на денот што го пишуваме со големи,со крвта на македонските револуционери 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.


Македонскиот народ има многу датуми што ќе останат вечно запишани во неговата богата историја.Денот на востанието на 11 Октомври 1941 година има посебно место,истакна претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците на Струга и струшко –продолжувачи на традициите Ајрадин Мемети во своето излагање на свечената седница која се одржа во големата сала,пред голем број присутни.


Тој понатака продолжи:Тогаш,заедно со другите народи на тогашна Југославија македонскиот народ тргнаа во борба и со сопствената крв,ги оствари вековните стремежи за национална слобода,државност и сестрална матерјална и општествена преобразба.
Во таа борба ги дадоа своите животи најарните синови и ќерки на Македонија.Македонскиот народ и народностите дадоа 75 илјади жртви – над 24 илјади борци паднаа на боиштата за слободата на родната грутка,28 илјади ги изгубија животите во фашистичките логори и затвори во интернација депортација,голем број жители страдаа во масовниот терор на окупаторите.А,само Струга и Струшката општина даде 335 жртви по сите основи.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани