И Вевчани во битка со дивите депонии и отпадот. ЈП Еремеија ја исчисти дивата депонија на кејот на реката кај место Попадина.
Не далеку од Вевчанските извори – Споменик на природата, од страна на несовесни граѓани, на кејот на Вевчанска река, кај место викано Попадина, одреден период се депонирал и расфрлал градежен и кабаст отпад и тоа се претворило во дива депонија.
Изминатиот месец Еремија презеде низа активности за Чисто Вевчани:
- Хортикултурно уредување и разубавување зелени површини. Косење трева и засадени цвеќа во паркот во центарот на Вевчани пред општинската зграда и другите мали зелени површини.
- Расчистување на земјениот пат Пелвец – Зодишта. Ископан канал за наводнување и собирање на атмосверски води кои во пролетниот период го отежнуваа движењето по истиот.
- Собирање на отпад од клучката на потегот од “Суво поле” до влезот во Вевчани.
- Уредување на кејот на Вевчанска река. Кастрење гранки, комплетно чистење, метење лисја долж целиот кеј на двата делови.
- Исчистен излетничкиот локалитет Јанков камен. Се саниираа оштетените маси и клупи околу скарите, се косеше, сечеше и собираше отпадот.
- Се отпочна со отстранување на вегетацијата, косење на тревата долж главните улици и чистење на банкините. Секако, во следниот период ќе се продолжи со косење и чистење и низ останатите улици и патишта.
Од Еремија апелираат до жителите на Општина Вевчани кабастиот отпад, шутот, отпадот од дворни површини и сл. доколку имате потреба да го фрлите, најпрвин информирајте го комунално претпријатие за понатамошно постапување.
Во интерес на сите нас и за почиста општина.