Струга опколена со планини отпад. Несовесните, со градежен шут и ѓубре ги затрупаа влезовите во градот и крајбрежието.
Пред туристичката сезона општината започна акција за расчистување на дивите депонии, граѓаните добија налог да ги исчистат приватните имоти, во спротивно ќе ги расчисти општината на нивна сметка.
Инспекторите најавуваат високи казни и запленување на возилата кои ќе се затекнат на лице место при одлагање на отпад.
-„Со цел да се минимизираат тие негативни влијанија на два три пати ги имаме лоцирано сите парцели кои што се критични, пуштени се дописи до сопствениците, но проблем е што поголемиот дел од нив не се присутни во земјава“, вели Митко Коркутоски раководител на одделение за животна средина.
Општината расчисти дел од депониите, но несовесните граѓани повторно загадуваат. Инспекторите велат главен проблем е ниската еколошка свест кај населнието. По расчистување на депониите, на критичните места ќе се поставуваат и едукативни табли.
„ Општина Струга презеде активности, лоцирани се сите диви депонии, посебно на патниот правец према Калишта. Бидејќи е крајбрежно подрачје нема ни 50 метри од обалата, а езерото е под заштита на Унеско.Се трудиме, но не можеме ние нон-стоп да чистиме едни исти ѓубришта“, вели Коркутоски.
Од каде и да влегувате во градот на мостовите ќе ве пресретнат купови отпад. Десетици диви депонии во околината на туристичка Струга го грдат ликот на градот.
Новинар Соња Рилковска