И Женскиот ракометен клуб „Лихнидос“ за Сара

Женскиот ракометен клуб Лихнид од Охрид на 27.10.2018 година (Сабота) со почеток во 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го одигра првенствениот натпревар од третото коло во младинската женска ракометна лига на Македонија против екипата на Металург.

 

Двете екипи кои моментално се на врвот од табелата ќе ги одмерат силите во спортската сала во Охрид, а дербите ќе има хуманитарна цел. Имено, сите средства кои ќе бидат собрани од влезниците ќе бидат уплатени за помош при лекувањето на нашата сограѓанка Сара Настеска. Цената на влезниците ќе биде симболична односно 30 денари.

Ги повикуваме сите љубители на спортот, но и сите хумани охриѓани да дојдат да ги бодрат охридските ракометарки и да помогнат во собирањето средства за лекување на Сара.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани