Идентитетот и културното наследство клучни фактори за туризмот

Идентитетот и културното наследство  клучни фактори за развој на туризмот. Секоја земја треба да изнајде начин преку промоција на својата историја и традиција да привлекува што е можно повеќе туристи, сметаат екпертите кои деновиве во Струга учествуваат на Седмата по ред Меѓународна конференција Водици 2019.

Државата мора себично да го чува  идентитетот на својот народ и културното  наследство и преку нив  да се презентира како уникатна во светот, порачуваат експертите.

„Културното наследство, туризмот и економијата медиумите да се стават сите во еден заеднички контекст за сето тоа културно наследство што го имаме да се промовира соодветно по медиумите и добие туристичка валоризација. Денес повеќето земји поготово обруваат внимание на своите идентитети за тој идентит се заштитува и културното наследство насекаде во светот„, вели Рубин Земoн организатор на конференцијата Водици 2019.

Преку афирмација и промоција на културниот идентитет денес  се промовираат  нови туристички дестинации.

„Културниот идентитет е тесно поврзан со туризмот, значи туризмот може да ги надмине културните разлики тој може да биде катализатор како на нови вработувања, како на размена на културниот идентитет, односно запознавање со културата на различни држави„, вели професор од Макеоднија. 

-„Преку спој на историјата, идентитетот и културата  може да се развива светла иднина на полето на туризмот во одредени региони. Туризмот е главниот елемент кој не спојува сите нас кои сме различни. Треба да го промовираме знаењето преку взаемно разбирање затоа што само преку промоција на нашата култура ќе ја видиме културата и на другите земји, вели професор од Унгарија учесник на конференцијата.

Педесеттина еминентни професори од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Азербеџан, Турција, Унгарија и Русија деновиве во Струга ќе дебатираат за идентитетите, културното наследство и туризмот како важни елементи на современото секојдневно живеење.

 

Учесниците на конференцијата, воедно,  ќе имаат единствена  можност да се запознаат со традицијата, обичаите и   културата на Охрид и Струга за празникот Водици  Богојавление и осветувањето на водите на реката Црн Дрим и Охридското езеро.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани