Актуелниот градоначалник на општина Дебарца Игро Трајкоски ќе трча за втор мандат на локалните избори. ВМРО ДПМНЕ обзнани дека Трајкоски е нивниот адут и овие избори.
-Актуелен градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски е веќе докажан со многу реализирани квалитетни проекти. – рече Емил Димитриев од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.