IN MEMORIAM: Почина Борис Џепароски , познат уметник од Охрид

На 47 годишна возраст, утрово ненадејно почина Борис Џепароски, познат уметник и голем вљубеник во Охрид. Џепароски живееше во Германија. 

 

Тој беше познат под своите ремек дела кои ги правеше со моторна пила на дрво. Ќе остане запаметен по скулптурата на Свети Наум во манастирксиот комплекс. 

Својата љубов кон родната земја ја изрази и со аплицирање на сонцето на Кутлеш на покривот на својата куќа во Германија. Со моторна пила има изработено многубројни уметнички дела во својата Република Македонија, која неизмерно ја сакаше, но и во втората татковина и негов втор дом- Германија.

Шок и неверување на социјалните мрежи, пријателите со трогателни пораки се збогуваат од Џепароски.

Social profiles