Силна караница избила помеѓу охриѓанец и двајца жители од Радолишта.
Само навремената реакција на обезбедувањето, била пресудна да не се случи жестока тепачка помеѓу охриѓанецот и двете лица од струшко Радолишта.Тројцата почнале жолчно да се расправаат, да се караат, да викаат а на повидок била тепачка. Тројцата, од охридската полиција ќе добијат пријава.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, информира дека вчера, околу 13 часот, во автобуската станица во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу Н.С.(45) од Охрид, од една и И.И.(34) и А.И.(30), двајцата од струшкото село Радолишта, од друга страна.
-Караницата започнала поради нерасчистени меѓусебни должничко доверителни односи а натамошниот тек бил спречен од работниците на обезбедување во автобуската станица.Против учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот Димоски.
