Индијците, кои веќе работат во Охрид се задоволни од условите на работа

29 годишниот Џетиндер Бенс од Индија, веќе еден месец работи во хотел не брегот на Охридското Езеро. Вели му се допаѓа земјава, односот на колегите и луѓето.  Задоволен е и од платата., овде вели  заработува  двојно повеќе пари отколку во неговата земја, каде просечната плата е од 200 до 250 евра. Насмеани, ведри, добронамерни и културни велат им се допаѓа земјава.

Јасикот не му е проблем, бидејќи на англиски комуницира со сите.

– Веќе еден месец работам во хоотел. Луѓето се сите добри. Се е во ред. Македонски јазик не разбирам но на англиски се разбираме. 0140 Планирам да останам можеби три години или две и пол години. После тоа планирам да  заминам во Канада“, вели Џетиндер Бенс работник од Индија.

Во хотелот моментално се 13 колеги од Индија. Поголемито дел  ќе бидат ангажирани  во кујна помошници, говачи, хигиеничари и собарки, но и келнери.  Велат заминале илјадници километри од сопствениот дом за да стекнат нови работни и животни искуства, но  и подобра плата.

„Убаво е прв пат сум тука и во посета и за работа. Ми се допаѓа, луѓето се пријатни времето малеку е ладно но убаво е. Ми се допаѓа да работам овде.0400 Мојата работа овде е платена двојно повеќе во споредба со Индија“ , вели Роки Сенк работник од Индија.

За да се надополни недостигот на кадар, оваа сезона на брегот на Охридското Езеро ќе работат стотици увезени работници од Индија, Непал Филипини и Малта.

– „Оваа година дефинитивно проблемот е алармантен со сезонската работна сила. Така да сите сме во потрага со работници комуницираме со Агнециите кои увезуваат работна сила од  надвор Непал, Филипини Индија така да работните позиции ке бидат собарки, помошници во кујна и услужен персонал келнери. Англискиот јазик го познаваат барем така тврдат агенциите  така да дали ова ќе биде решението на проблемот кој го имаме останува да видиме“, вели Тоше Чочороски хотелиер.

Домашните работници масовно заминуваат на сезонска работа во странство.  Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, само во првите два месеци од годинава во Хрватска се издадени(8.088)   дозволи за престој и работа  во секторот туризм и угостителство.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани