Левица обвинува за продажба на имот, од ЈП Охридски Комуналец демантираат

Народниот имот вреден 500.000 евра е ставен на продажба заради ненавремено сервисирање на долговите на претпријатието, обвинуваат од Левица Охрид.

На 27.03.2024 година закажана е продажба во 10 часот во просториите на Извршителот Гордана Џутеска од Охрид, преку усно јавно наддавање на недвижен имот на недвижности означени во лист В од имотен лист 88117 за КО Охрид 3 како: КП бр.14766 дел 2, на м.в. Бул. Туристичка, на зграда/ друг објект1,намена на зграда во стопанството, влез 2, кат ПР,број ДП, во површина 344 м.к.в. КП.бр.14766, дел 2, на м.в. Бул. Туристичка, број на зграда/ друг објект1, намена на зграда преземена во конверзија од стариот ел.систем, помошни простории, влез1, кат ПР бр. ПП, во површина 23 м.к.в Поради недомаќинско и расипничко работење на сите досегашни директори на ова претпријатие, сегашниот Директор на Ј. П. Охридски Комуналец, Сашо Најдески е во состојба да мора да го раскрчмува имотот на јавното претпријатие, со продажба на народен имот во Градскиот пазар – Охрид.Охридскиот локален огранок на Политичката партија Левица, смета дека ова е навистина крајно застрашувачки што забрзано се продаваат јавни добра што ги поседува Државата, наместо да се вложува во нови инвестиции. Сите значајни капацитети што ги поседува Република Македонија мора да останат државни и истите да служат во корист на Државата и народот, стои во соопптението на левица Охрид.

Од ЈП Охридски Комуналец демантираат, велат Левица лаже, се работи  домаќински и одговорно. 

Невистинити се наводите на Левица дека ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ ОХРИД продава недвижен имот над кој има право на сопственост. Имено, станува збор за закажано рочиште за усна јавна продажба на посочениот недвижен имот во извршна постапка која се води пред Извршителот Гордана Џутеска.

-Вака закажаната усна јавна расправа за продажба на недвижниот имот сопственост на ЈП Охридски Комуналец е резултат на правосилни и извршни судски решенија и пресуди кои се однесуваат на долгови настанати во минатото.
ЈП Охридски Комуналец Охрид, како одговорно јавно претпријатие кое работи исклучиво за подобрување на јавните услуги кои им ги дава на граѓаните на Општина Охрид, ги има преземено сите правни мерки кои ни стојат на располагање согласно Закон, а се со цел од наша страна да биде овозможено доброволно исплаќање на долговите кои претпријатието ги има спрема своите доверители, а што се однесува на актите донесени од страна на Извршителот Гордана Џутеска во повеќето извршни постапки кои се водат пред неа а поради кои долгови на ЈП Охридски Комуналец Охрид и е закажано рочиштето за усна јавна продажба, ЈП Охридски Комуналец има поднесено редовни правни лекови пред надлежните судови против сите акти на извршителот чиј резултат е закажаното рочиште за продажба, стои во реакцијата на ЈП Охридски Комуналец.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани