Иницијатива за поголема безбедност на патот над Хидробиолошки

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, ќе понуди предлог иницијативата за подобрување на безбедноста на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, со посебен осврт на делот над Хидробиолошкиот завод како критична точка.

Стефан Димоски, претседател на Општинскиот Совет, вели дека предлог иницијативата како најбрзо и најсоодветно сообраќајно-техничко решение, би требало да придонесе кон подобрување на безбедноста во сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум поточно на потегот над Хидробиолошкиот завод, посебно во пресрет на летната туристичка сезона. Нагласува дека На овој патен потег, за жал, во изминатиов период се случиле многу сообраќајни незгоди од кои, еден дел, завршиле со загуба на човечки животи.

Претседателот Димоски вели дека предлог иницијативата ќе биде доставена до Локалната самоуправа како и до Републичкиот Совет за безбедност на патиштата.
Предлог иницијативата за подобрување на безбедноста во сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, ќе биде соопштена утре на прес конференција напладне на делот од патот над Хидробиолошкиот завод. Да потсетиме, тука пред десеттина дена се случи сообраќајка во која згасна животот на 20 годишен охриѓанец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани