Интензивен конгресен туризам во Охрид

Деновиве, Охрид интензивно живее во знакот на конгресниот туризам.

Во хотелот „Аквалина“, утре завршува тридневниот конгрес за основи за безбедност и здравје при работа на кој учествуваа ќе земат предавачи-експерти од земјава и од повеќе европски земји.Во рамките на овие средби, денеска ќе биде промовирана кампањата “No time to lose” и кампањата “Healthy Workplaces for All Ages”. Конгресот е во организација на Македонското здружение за заштита при работа во рамките на проектот “Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните условии дијалог со државните институции “. Денеска пак, отпочнува дебата за актуелните состојби и проблеми во угостителството и хотелиерството. Дебата „Справување со дефицитот на квалификувана работна сила во туризам и угостителство“, има за цел конкретизирање на плански обуки според потребите на пазарот на трудот во туристичката дејност.Од утре до 17 месецов, Охрид ќе биде домаќин на четвртиот Конгрес на офталмолозите на Македонија со меѓународен карактер и 300 учесници-офталмолози од Македонија и Европа.Конгресот ќе се одржува во хотелот „Метропол“ а меѓу предвидените теми се и новите хирушки методи и техники во офталмологијата, дијагностичките постапки и современата технологијата во денешната офталмологија.Во рамките на конгресот ќе се одржи и симпозиум со поканети предавачи од Европската асоцијација за катаракта и рефрактивна хирургија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани