Денес завршува рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници

Рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и советници до општинските изборни комисии завршува утре-14 септември на полноќ.

Кампањата за локалните избори започнува на 25 септември и завршува на 13 октомври на полноќ. Македонија на 15 октомври ќе гласа за избор на градоначалници и членови на општинските совети а локалните избори ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје во над 3.400 избирачки места. Пред три дена заврши јавниот увид на податоците во избирашкиот список кој започна на 21 август и траеше 20 дена. Според ДИК, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид извршиле вкупно 21.594 граѓани. На електронската апликација Избирачки список во овој период извршени се 203.191 проверка.Најдоцна до 14 септември, Државната изборна комисија ќе го достави Избирачкиот список на увид на политичките партии. Политичките партии во рок од пет дена од добивањето на Избирачкиот список, односно најдоцна до 19 септември, можат до ДИК да поднесат барања за запишување, бришење или промени на податоци. По овие барања ДИК ќе одлучи во рок од три дена. Избирачкиот список во кој се вклучени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК ќе го заклучи најдоцна до 24 септември.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани