Интернационална конференција: „Дигитално Граѓанско Општество“

Интернационална конференција: „Дигитално Граѓанско Општество“, која ќе се одржи на 16-ти јуни во Охрид на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. 

На конференцијата свое излагање ќе имаат експерти од 5 земји: Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Македонија. Седумнаесет говорници меѓу кои универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи, и претставници од непрофитни организации, ќе зборуваат на теми како дигитализација, виртуелна реалност, креативноста во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации како апликации и софтверски решенија, електронски продавници. Сето ова ќе го носи предзнакот дигитална трансформација на непрофитниот сектор со цел постигнување поквалитетен социјален импакт. Овој настан се организира во рамки на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од Europe for Citizens програмата, а спроведуван од Порака Нова во соработка со Општина Охрид .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани