ИПА и Здружението на ветерани потпишаа меморандум

Во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција, денеска Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот го потпишаа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид и полковникот во пензија Добре Велјаноски. Според одредбите, меморандумот подразбира унапредување на меѓусебната соработка во областа на безбедноста, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и организација на настани од областа на  безбедноста, јакнење на професионалните компетенции, размена на искуства, знаења, взаемна помош и поддршка на полето на безбедноста, едукација и практична настава од заеднички интерес за членовите и претставниците на двете страни потписнички.

 

Social profiles