Во организација на ИПА Охрид, денес се реализира вело турата Охрид – Радожда.
Претседателот на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)-регион Охрид м-р Стефан Димоски, на својот ФБ профил меѓу другото напиша дека велосипедската тура „упати порака до надлежните локални самоуправи да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид, Струга и Радожда да стане реалност“.
– Денеска, сите заедно ја реафирмиравме идејата која, во 2016 година, како тогашен претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) Охрид, ја иницирав за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга со функционална велосипедска патека. И тогаш и сега, сметам дека овој проект има непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. Денеска, со рекреативното велосипедско патување Охрид-Струга-Радожда, ИПА Охрид направи свој обид за промовирање на овие атрактивни туристички дестинации и упати порака до надлежните локални самоуправи да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид, Струга и Радожда да стане реалност, напиша на својот ФБ профил, претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски и додаде:

„Како претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)-регион Охрид, искажувам голема благодарност до членовите на ИПА но и до граѓани од Охрид и Струга со кои, денеска ја реализиравме рекреативната велосипедска тура Охрид-Радожда-Охрид. Денеска, сите заедно ја реафирмиравме идејата која, во 2016 година, како тогашен претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) Охрид, ја иницирав за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга со функционална велосипедска патека. И тогаш и сега, сметам дека овој проект има непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. Денеска, со рекреативното велосипедско патување Охрид-Струга-Радожда, ИПА Охрид направи свој обид за промовирање на овие атрактивни туристички дестинации и упати порака до надлежните локални самоуправи да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид, Струга и Радожда да стане реалност.
Тргнавме утрово од градското пристаниште во Охрид, имавме пријатно време да возиме по крајбрежието на Охридското езеро, по стариот пат Охрид-Струга и потоа низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда. Познатиот ресторан „ДИНГА“ во Радожда и Мики, ни овозможи едночасовен одмор и освежување на терасата со неповторливиот и атрактивен поглед кон Охридското езеро. За мене, оваа вело дружба беше незаборавна и затоа што за прв пат возев на подолга релација. ИПА Охрид, веќе размислува за нови идеи и нови дружби.“



