Исчезна 41 годишен маж

Лешанец вчера го пријавил за исчезнат својот син.

Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, на 23-ти октомври оваа година, во 15.00 часот во СВР Охрид, лицето Д.Д. од охридското село Лешани, за исчезнат го пријави неговиот син В.Д. (41) кој живеел во Швајцарија.
-Според пријавата, В.Д. на 10-ти октомври од Швајцарија заминал за Турција на годишенн одмор а од пред пет дена немале никаков контакт со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани