„Проаква“ во топ пет државни должници

Со вкупно 45 милиони евра долг државната компанија Македонски железници Транспорт е рекордер меѓу државните институции според висината на неплатени, а доспеани финансиски обврски.

 

Министерството за финансии објави дека вкупниот долг на буџетските корисници изнесува 307 милиони евра, а ако се одземе долгот од 97 милиони евра кои ги должат општините, неплатените обврски на јавните и државни институции и претпријатија кон приватниот и јавниот сектор изнесува 210 милиони евра.

Првите пет места на листата со најголем долг се и водоводното претпријатие од Охрид и Струга, „Проква“, кое има долгови од 14 милиони евра.

Топ 5 државни должници:
МЖ Транспорт 45 милиони евра
Проаква 14 милиони евра
Скопски клиники 13 милиони евра
МРТВ 8,5 милиони евра
ЈКП Куманово 7,5 милиони евра

Министерства, јавни институции и комунални претпријатија:

МЕР 7 милиони евра
МЖ Инфраструктура 6,6 милиони евра
Државен студентски дом 4,5 милиони евра
Водовод и Канализација Скопје 3,5 милиони евра
Министерство за образование 2,3 милиони евра
Министерство за здравство 1,7 милиони евра
СОЗР 1,7 милиони евра

Алсат

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани