Уште еден успех на охридските бреинобреин генијалци

Охридските БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ повторно најдобри во Македонија.

Сите 57 учесници на VI-от Национален БРЕИНОБРЕИН натпревар што се одржа на 21 октомври (недела) во Скопје во конкуренција од 336 натпреварувачи од 19 центри во Македонија, се закитија со одличја, од кои 32 трофеи, 14 златни медаљи и 11 сребрени медаљи, со што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најјуспешен во Македонија. Дополнително на тоа е и што најдобриот резултат на овој натпревар го постигна ученик од нашиот центар.
Со задоволство Ве покануваме на ПРЕСС средба со учесниците на VI-от државен БРЕИНОБРЕИН натпревар од БОБ-Црвен крст Охрид центарот, на 24.10.2018 (среда) во 13:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, на која ќе бидат презентирани освоените награди и ќе се изнесат повеќе детали од натпреварувањето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани